Фудбал
7. February 2016 - 10:18

Лестер го задржа Варди

Фудбалерот на Лестер, Џејми Варди, го продолжи договорот со клубот до 2019 година, објави лидерот во Премиерлигата.
 
Варди, оваа сезона е прв стрелец во лигата со 18 голови, а стана нов рекордер откако на 11 последовни натпревари постигнуваше најмалку по еден гол. Џејми Варди е член на Лестер од 2012 година.
 
„голема чест е што сум дел од овој тим и што постигнуваме вакви резултати. Никогаш не сум почувствувал ваква атмосфера, сакам долго време да сум дел од тимот. Лестер веруваше во мене од почетокот и не можам да опишам колку тоа ми помогна да напредувам. Знам дека засекогаш им бидам благодарен и дека секој ден ќе се обидувам да им се одолжам на овие луѓе“, рекол Варди.
 
Потпишувањето на договорот се случи по натпреварот во Манчестер, каде Лестер славеше над Сити со 3:1 и остана на челната позиција во Премиерлигата со 53 бодови.