Лесна храна, многу течности и намалена физичка активност за време на топлотниот бран
Носење лесна, светла облека, пиење течности и вода најмалку два литра на ден, јадење повеќе овошје, зеленчук и свежа храна, намален интензитет на физички активности, се основните препораки за граѓаните во услови на енормно високите температури и т.н. пртоколалова фаза што ја зафати Македонија.
Според Министерството за здравство, треба да се избегнува директна изложеност на сонце и работа на отворено, особено од 11-17 часот.
На хронично болните им се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем треба да го контактираат својот матичен лекар.
Министерство за труд и социјална политика со поддршка од Црвениот крст информира дека викендов ќе спроведува активности за згрижување на бездомните лица.
Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на www.toplotnibranovi.mk .
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот
-
Ден на Републиката
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето