Македонија
13. December 2016 - 14:50

Лесна добивка: Разбојник со пиштол ограби обложувалница во Скопје

Вчера вечер во 20.28 часот во ЕИК Скопје, В.Н. пријавила дека во Скопје, на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ во спортска обложувалница непознат маскиран сторител извршил разбојништво.
 
Сторителот влегол внатре и со закана со пиштол одзел неодредена сума на пари и побегнал во непознат правец.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.