Фудбал
20. July 2016 - 14:04

ЛЕ:Шкендија е поквалитетна од Нефчи

Единствениот македонски претставник во Лига Европа, Шкендија според прикажаната игра на првата средба во Баку потврди дека е подобар тим од  Нефчи но тоа треба да се потврди во реваншот со постигнат најмалку еден гол. 
Средбата која се игра в четврток на Филип Втори со почеток во 20 часот стартува со резултат 0-0 за обете екипи. Предност или ризик за тетовчани кои посакуваат нов успех и пласман во 3. Квалификациско коло.  Тренерот на екипата Бруно Акраповиќ ја најавува најдобрата игра на неговиот тим досега:
„ Сите очекуваме дека утре ќе се прикажеме во нашето препознатливо светло и дека ќе играме напаѓачки. На првиот меч покажавме дека сме подобар тим од Нефчи, но утре треба тоа да го демонстрираме и да постинеме погодок. Се надевам дека ќе не видите во најдоброто издание и дека ќе се пласираме во наредната рунда натпревари. Нема што многу да менуваме од првиот меч, потребно е само да бидеме добри во реализацијата, – истакна Акраповиќ на денешната прес конференција.