Loading Video...
Фудбал
28. February 2018 - 13:30

Лес Хербиерс прв полуфиналист во купот на Франција

Екипата на Лес Хербиерс е првата која обезбеди пласман во полуфиналето на Францускиот Куп.
 
Тимот кој настапува во третата по квалитет фудбалска лига на Франција, во четвртфиналето по подоброто изведување на пенали го совлада Ленс со 4-2.
 
Денеска се играат два дуели од оваа рунда. Шамбли е домаќин на Стразбур, а во дербито ПСЖ го пречекува Олимпик Марсеј. 
 
Последниот патник во полуфиналето ќе биде познат утревечер по средбата Кан - Олимпик Лион