Џет-Сет
20. April 2017 - 16:08

Лепа Брена во солзи: Ме прогонува што не бев покрај татко ми кога умираше

Многу веруваат дека популарните пејачи живеат во изобилие и дека немаат никакви проблеми, меѓутоа вистината е поинаква. Дури и кај големите ѕвезди како што е Лепа Брена паметат тешки моменти во животот. Како што раскажала, и покрај тоа што во својата работа е број еден, има успешен брак и здрави деца, на Брена и е многу тешко што нејзините родители повеќе не се на овој свет. 

За да биде се полошо ја гризе совеста што не стигнала да се прости од нејзиниот татко кога било на работа од смртта и како тоа никогаш нема да си го прости, пишува Стар. 

- Кога да им беше тешко на моите родители, јас тоа го чуствував. Најтажните моменти во живото ми беа кога почина мојот кум Рака Џокиќ, кога се распадна мојот дом и кога ми почина мојот татко.Ме гризе совест што не стигнав да му кажам се што сакав и да се простам од него, тоа ме прогонува. Додека беше жив мојот татко се трудев секоја желба да му ја исполнам. Порано кога и да одев на пат чуствував како нешто да не е во ред. Во тие ситуации веднаш седнував во автомобил и одев кај него и воглавно ќе наидев на некој здраствен проблем па заедно го решававме. Но, ете не стигнав кога татко ми умираше. Уште еден од најтажните денови беше кога мојата мајка почина, но се трудев да бидам постојано со неа и покрај неа, раскажала Брена низ солзи.