Џет-Сет
15. September 2017 - 11:35

Лепа Брена проговори за брачниот живот со Боба и откри детали за нивната свадба

Лепа Брена проговори за односите со нејзиниот сопруг и истакна колку и значат миговите поминати со своите другарки.

-Гледам да гпо усогласам времето и да бидам доволно и со него но и со моите другарки. Мислам дека најголема грешка во бракот е да се нема слобода и доверба еден во друг. Тешко е кога сте со некој во брак и со деца да поминувате со нив 24 часа дневно и 365 денови во годината. Имаме слобода кој кога сака да си излезе со своето друштво- рекла Брена.

Нивниот брак трае веќе 25 години а за магазинот „Хелоу„ таа открила и неколку детали од нивната свадба.

-Нашата венчавка по многу работи беше поразлична од сите останати, поради тоа што за прв пат имаше толку големо исчекување за некоја свадба и беше прва венчавка која се емитуваше на малите екрани под име „Во име на љубовта„. Се сеќавам како луѓето коментираа дека многу е важно што јас прва го нагазив Боба, а не тој мене. Тоа е само еден симпатичен обичај, кој во бракот нема никаква врска. На нашата свадба имаше гости од целиот свет, Боба нарача кавијар од Шветска, шампањот пристигна од Лондон а розе вино од Шпанија. Постои податок дека гостите во првиот саат време од свадбата испиле 300 литра од тоа вино- открила Брена.