Џет-Сет
19. November 2017 - 14:01

Лепа Брена: Мислев дека на овие години нема да пеам

Познатата пејачка, која остварила незабележан успех на просторот на целиот Балкан проговори за причините поради кои размислувала да ја напушти музичката сцена , но на радост на нејзините фанови сепак до тоа не дошло.

Лепа Брена (57) навела дека мислела дека нема да пее во шестата деценија од животот, и дека многу порано ќе се пензионира.

Се уште имам идеи, иако некогаш мислев дека во овие години нема да пеам -раскажала Брена.

-Не знам што би правела да не работев. Научив да сум вработена. Сите кои пријатели се работни и семејни луѓе, но и светски патници. Не гледам дека работата на музичар е поинаква од останатите професии или дека е ограничена со години. Сега всушност имам чиста мотивација за работа. Се радувам на светската турнеја на која тргнав, ќе ја снимиме и ќе направиме уште еден документарен филм-рекла Брена.