Џет-Сет
5. September 2017 - 9:08

Лепа Брена ги оперираше подочниците, погледнете како изгледа сега

Со оглед на тоа дека Брена целото лето го помина на хрватското приморје не и беше тешко да скокне до Загреб каде посети естетски хирург кој и ги среди недостатоците на лицето, па темните кругови околу очите повеќе ги нема.

Ѕвездата на поранешна Југославија направи безболна интервенција која наводно ја платила 400 евра, а бидејќи зафатот траел еден час, брзо се вратила на проморје и продолжила да ужива на својата јахта.

Дека Брена е видно задоволна докажуваат фотографиите кои по интервенцијата ги објави на социјалните мрежи, а на кои се гледа како ужива со другарките.