Живот
4. April 2017 - 13:13

Леопард блокира меѓународен аеродром

Единствениoт меѓународен аеродром во Непал беше на кусо затворен вчера, затоа што беше забележан леопард на пистата, изјавија официјални лица.

Меѓународниот аеродром Трибхуван, кој се наоѓа во Катманду, главниот град на Непал, беше затворен вчера претпладне по локално време, веднаш откако е забележан леопардот на пистата, рече официјалното лице на аеродромот.

Полицијата и шумските чувари беа веднаш повикани и беа блокирани одводите за невреме, каде највероватно се криел леопардот.

Летовите се продолжени по прекинување од околу половина час, но потрагата по животното продолжува. Аеродромот се наоѓа во градот и зафаќа еден шумски дел на северниот крај.