Лелек на очајната мајка: Ги гушкам ковчезите наместо синовите
Зошто дирекоторот на училиштето не внимавал на децата, како смееле да им издадат педалини без надзор на постари и без појаси, се прашува Сања Петровиќ чии синови Стефан и Никола се удавија во Сребреното езеро.
-Плаќав осигурување за патувањето на децата и престој на сите екскурзии и излети. И како ги осигураа и како ги чуваа!? Никако! Не ги сочуваа, децата ми ги вратија во мртовечки ковчези. И тој газада на педалини, за 500 динари им даде на децата да одат во смрт. Зарем толку вредат животите на моите деца? прашува очајната мајка.
Српски Курир во печатеното издание ја објави целата исповед на Сања Петровиќ, мајката на браќата Стефан (14) и Никола Петровиќ (13), ученици во осмо и седно одделение во Основното училиште „Караѓорѓе“ во Рача, кои во неделата се удавија во Сребреното езеро кога од педалината се превртеле и паднале во вода.
Вчера припадниците на пожаревачката полиција го уапсија брачниот пар од Ниш Драган С. (64) и Миланка С. (63) под сомнение дека сториле кривично дело, тешки дела против општата безбедност. Полицијата му одреди задржување и на директорот на училиштето Зоран Ј. и фудбалскиот тренер Марко Г.
Полицијата ги товари нишлиите дека изнајмувале педалина без сигурносни појави на двете дечиња кои се удавија во Сребреното езеро.
Припадниците на нуркачката единица на Жандармеријата завчера ги извлекоа од езерото безживотните тела на двете деца.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација