Балкан
22. August 2016 - 9:23

Лелек на гробиштата: Стани Маки и кажи на мајка дека ова не е вистина!

Во неделата семејството и најблиските пријатели се собраа околу гробот на Маринко за да го одбележат неговиот 38. роденден, но солзите не можеа да ги скријат.

неутешната мајка Мирјана дојде со голм букет црвени ружи, а нејзините лелеци одекнуваа на Бежаниските гробишта. Таа не може да се помири со фактот дека нејзиниот син Маки повеќ го нема и дека го изгубила највредното во животот.

-Маки сине, не можам без тебе. Ти си ми се во животот, стани и кажи на мајка дека ова не е вистина - низ солзи говореше мајката на Маринко и го галеше крстот.

Стрикото на Маринко се обидуваше да ја смири Мирјана, но и тој беше видно потресен, а под темнит наочари не успеа да ги скрие солзите. Колку сестрата Љубица може да го преболи братот, говори фактот дека пред гробот беше гушната со девојката на Маринко, Лана Секулиќ и цело време плачеа. Ниту за Лана нема утеха, Маринко и недостасува, но она што може да се забележи е дека ослабнала прилично во овие месеци.

Семејството на гробот на Маринко запали свеќи со бројот 38, колку што би наполнил години, а пријателите го оставија и најновото ЦД на Џибони и Оливер Драгојевиќ насловено „Фамилија“.

Foto Kurir