Балкан
4. July 2016 - 14:40

„Леле Боже јас неможам“, ечеа криците на вдовицата на Владимир

Семејството и пријателите се собраа денеска за да го испратат кон вечното почивалиште 40. годишниот Владимир Мијатовиќ кој беше убиен од страна на Синиша Златиќ на 2 јули. Зад себе ги остави сопругата Драгана и две деца од 13 и 16 години.

Мијатовиќ таа кобна вечер излегол да испие пијачка со сопругата Драгана, кога Синиша Златиќ извади калашников и ја уби својата сопруга Дијана Златиќ, најверојатно поради љубомора, а потоа по ред почна да пука во присутните гости.

Foto: Telegraf

Работел како диспечер во Електровојводина, а пред да биде усмртен планиран заедно со Стеван Јојиќ кој допатувал од Шведска и за кој во јавноста се шпекулира дека бил во емотивна врска со Дијана, да подготви богата софра..

Foto: Milena Đorđević

- Зеде слободен ден во Електровојводина, каде работеше како диспечер. Му дошол пријател од Германија и излегле со сопругата и пријателите на пијачка и концерт. За деенска планираа да направат скара, но ете, ги уби тој љубоморен лудак, вели тетката на убиениот Владимир Мијатовиќ.

Foto: Milena Đorđević

 

Foto: Milena Đorđević

Неговата сопруга рече дека кобната вечер бил одлично расположен и дека непосредно пред убиството разменувале нежности во кафулето.

Наводно, таа вечер во кафулето „Макијато“ седел во друштво на својата сопруга Драган, Стеван Јојиќ, Дијана Савановиќ и Јована Поповиќ - жртви на крвавиот пир на Синиша Златиќ.

Foto: Milena Đorđević

Foto: Milena Đorđević

Владимир Мијатовиќ почина по операцијата, лекарите не успеаја да му помогнат и тој им подлегна на повредите.

Foto: Milena Đorđević

Во сворот на неговата куќа и во куќата владееја мачна тишина и молк во текот на опелото.

Foto: Milena Đorđević

Децата од одделението на неговата ќерка (16) носеа цвеќе. Околу 500 луѓе се собраа да го испратат на вечното почивалиште невино настраданиот Владимир Мијатовиќ.

Foto: Telegraf

Другарите на неговите деца од гимназијата во Зрењанин донесоа венец.

Foto: Telegraf

Foto: Milena Đorđević

Foto: Milena Đorđević

Foto: Milena Đorđević

Foto: Milena Đorđević

Foto: Milena Đorđević

За време на опелото на еден од присутните му се слоши и падна во бессознание, па пријателите веднаш го ставија во автомобил и го одведоа на лекар.

Foto: Milena Đorđević

Foto: Milena Đorđević

Foto: Milena Đorđević

Да потсетиме, Владимир Мијатовиќ е една од петте жртви на крвавиот пир на Синиша Златиќ во кафулето „Макијато“ во Житиште.

Во текот на поворката се слушаа криковите на неговата жена Драгана, која кобната ноќ била со него. Ја држеа роднините и пријателите во текот на поворката кон гробиштата/

-Леле Боже, јас не можам, кукаше несреќната вдовица на Мијатовиќ.

(Telegraf.rs)