„Лексус“ и „Порше“ најдоверливи во САД, „Фиат“ на дното на листата
„Лексус“ и „Порше“ се најдоверливи марки на автомобили во САД оваа година, а „Фиат“ е на дното на овогодишната листа на советничката компанија „Џеј Ди пауер“.
Листата е составена врз основа на студијата за дефекти на просечно сто автомобили, произведени во 2014 година, врз основа на анкетата на нивните 35.186 сопственици.
Утврдениот просек е 156 дефекти на сто автомобили, што се четири дефекти повеќе отколку во 2016 година.
Изедначени на прво место се марките „Лексус“ и „Порше“, кој во 2016 година беше втор, а оваа година имаат по 110 дефекти на сто автомобили.
Потоа следат „Тојота“ со 123 дефекти, американски „Бјуик“ со 126, „Мерцедес“ со 131 дефект, „Хјундаи“ со 133 и „БМВ“ со 139 дефекти.
Потоа следат автомобилите „Шевролет“ со 142 дефекти, „Хонда“ со 143, „Јагуар“ со 144, Киа“ со 148 дефекти, додека на десетто место изедначени се „Линколн“ и „Мини“ со 150 дефекти.
На дното на листата се автомобилите на марките „Џип“ со 209 дефекти, а „Фиат“ со 298 дефекти на сто автомобили.
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда