Македонија
24. December 2020 - 21:13

Лекот „Ивермектин“ доби дозвола за употреба во Македонија

Лекот Ивермектин наскоро ќе се користи и во земјава.  Комисијата за заразни болести дала зелено светло. Од агенцијата за лекови велат дека официјалниот документ до нив најверојанто ќе пристигне утре, по што се очекува да почне постапката за увоз на потребните количини од овој лек.  

Во моментов во соседството најмногу се користи во Грција и според неофицијални информации на Агенцијата за лекови доста граѓани од тука го нарачуваа од таму.

Министерот за здравство Филипче за Сител потрвди дека за користењето на овој лек се чека мислење од стручните тимови во Агенцијата за лекови. 

Станува збор за антипаразитален лек, кој се користи долги години во медицината. Досега се покажал како одличен во лекувањето на Сарс Ков вирусот.