Loading Video...
Ф1
8. May 2022 - 13:36

Леклер ќе стартува од пол-позицијата на вечерашната трка за американското Гранд-при

Шарл Леклер од Ферари ќе стартува од пол-позицијата на американскот Гранд-при што за прв пат се вози во Мајами. 
 
Лидерот во генералниот пласман оствари најбрзо време во квалификациите и четврти пат сезонава ќе ја има првата стартна позиција. 
 
Веднаш зад него во првиот ред ќе биде неговиот тимски колега Шпанецот Карлос Сајнц, а од вториот ред трката ќе ја почнат возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез. 
 
За прв пат сезоната поранешниот светски првак Луис Хамилтон со својот Мерцедес ќе биде во первите три реда, а ќе стартува како шести, зад Валтери Ботас од Алфа Ромео. 
 
Американското Гранд-при, во Формула 1 шампионатот, за прв пат ќе се вози во Мајами. 
 
Стартот на американското Гранд-при е во термиот од  21 часот и 30 минути.
 
Во пресрет на оваа трка, лидер во Генералниот пласман е Шарл Леклерк кој има  27 повеќе од актуелниот светски првак Макс Верстапен.