Фудбал
3. January 2018 - 13:42

Л'Екип: Четворица од Реал во идеалниот тим

Четворица  играчи на Реал Мадрид, предводени од Кристијано Роналдо, се во најдобриот тим во светот во 2017 година во изборот на реномираниот француски спортски весник Л’екип.

Еве како изгледа идеалниот тим: На голот , Џанлуиџи Буфон од Јувентус, во одбраната се Серхио Рамос и Марсел од Реал, Дани Алвес од Париз Сен Жермен и Баерновиот дефанзивец  Матс Хјумелс, во средниот ред, Лука Модриќ и Нголо Канте (Челзи), и во нападот  Лионел Меси (Барселона) ,Нејмар ПСЖ), Роналдо и Едисон Кавани.