Loading Video...
Фудбал
23. July 2018 - 13:11

Лекцијата од Велс, мотив повеќе за Шкендија во двомечот со Шериф

Тетовска Шкендија утре ја очекува првиот меч против молдавскиот тим Шериф, а во рамките на второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.    
 
Откако на претходниот двомеч против ТНС, екипата на Шкенија покажа две дијаметрално спротивни изданија (победа од 5:0 и пораз од 4:0), овојпат тоа нема да биде дозволиво, бидејќи составот на Шериф е далеку подобар од оној на велшката екипа, па било какво опуштање во може да значи и крај на настапот на европската сцена. 
 
„По поразот од ТНС, самодовербата ни беше загубена. Деновиве работевме да ја вратиме самодовербата, па сега мислам дека сме подготвени за утрешниот меч. Ја анализиравме екипата на Шериф. Се работи за квалитетен тим кој знае да игра фудбал, но верувам дека Шкендија ќе направи сè за да го помине Шериф“, изјави тренерот Ќатип Османи
 
И капитенот Алими нагласи дека поразот од Велс е добра лекција. 
 
„ Атмосферата не може да биде идеална по поразот, но најважно беше што поминавме и сега лекцијата е научена, а тоа е дополнителна мотивација за утре, за да докажеме дека имаме квалитет за го минеме Шериф“, изјави Алими 
 
Дуелот меѓу Шкендија и Шериф кој ќе се игра утре на арената „Филип Втори“ ќе започне во терминот од 20 часот и 15 минути, додека реванш средбата е закажана за следниот вторник. 
 
Доколку тетовци минат во третата рунда тогаш за противник ќе го имаат австрискиот тим Ред Бул Салцбург. 
 
Ова е исходот од денешната ждрепка, одржана во Нион. Првиот натпревар ќе се игра на 7 или 8 август, а реваншот е седум дена подоцна