Живот
11. January 2018 - 12:01

Лекарите во 24.недела направиле ултразвук, ја виделе оваа глетка и ја советувале мајката на абортус - таа одбила, а бебето денес изгледа вака

Колку родителот и да се радува на приновата, секогаш постои некој страв дека нешто нема да биде како што треба. Со таков страв морала да се соочи Сара и тоа во 24 недела од бременоста. 
 
Сара Хелер и нејзиниот сопруг Крис откако направиле ултразвук го виделе лицето на бебето, и веднаш лекарите им препорачале абортус, бидејќи јасно им кажале  дека малиот Броди ќе биде роден со расцепени уста и непца поради што ќе има и други здраствени проблеми. 
 
Овие родители од Америка решиле дека абортусот не е опција и дека Броди ќе дојде на овој свет, биле подготвени на сите последици. 
 
За веднаш да го внесат во општеството и да спречат коментари од луѓе кои би го  исмејувале, решиле од првиот ден редовно да објавуваат фотографии на социјалните мрежи од својот син. 
 
А тоа довело до неочекувана појава, луѓе ширум светот се јавуваат за финасиска помош за Сара и нејзиниот сопруг , па со собраните пари  го пратиле малиот Броди на операција. 
 
Денеска Броди изгледа како никогаш и да немал проблеми со устата и непцата. 
 
- Ова искуство ни покажа колку е силна заедницата на луѓето со расцепена уста и непца. Сите се јавуваат и нудат помош, вели Сара.