Македонија
23. July 2015 - 18:01

Лекарите ги советуваат работниците како да се заштитат на горештините

Лекарите со практични совети до работодавачите и работниците, како да се заштитат од пеколните температури на работните места. Оптималната температура во работната просторија треба да биде само за 8 степени пониска од надворешната, а по завршувањето на работното време да има период на адаптација во посебни простории или во ходниците кои не се климатизирани.

Бидејќи тука ни се случуваат тие колапси, онесвестувања, вртоглавици. Значи, адаптацијата минамално треба да биде 20-тина минути после излегување од климатизираната просторија- изјави д-р Ружа Устапетрова, специјалист по медицина на трудот

 Клима уредот мора да дува во плафонскиот дел, зашто ладниот воздух е потежок и треба посредно да го разладува погонот.

Тука доаѓаат со укоченост на врат, со мускулни болки во градите, стегање во градите, значи климата не може да дува директно во работникот- изјави д-р Устапетрова

Устапетрова додава дека посебно градежните работници кои се изложени директно на сончевите зраци, , за да се заштит од топлотен удар и сончаница, задолжително да ја покриваат тилната регија.

Микро крварењата се случуваат во обвивката на малиот мозок. Не да се носи капата со козирката на напред, никаква улога нема така. Козирката секогаш треба да биде назад поставена- изјави д-р Устапетрова

За поздрави работници и поголема продуктивност, нужни се и микропаузи од по 5 минути на секој час, за да се примаат течности и минерали преку овошје или минерална вода, кои се првиот предуслов за регулирање на крвниот притисок.