Македонија
16. јуни 2019 - 16:17

Лекари од штипската болница спасиле пациент од ампутација на ногата

Тимот кардиолози од одделението за ангиографија при штипската клиничка болница, спречија ампутација на прстите од левото стапало зафатени со гангрена на 69 годишниот Радојче Гаврилов од Свети Николе. Лекарите со две хируршки интервенции му ги стентирале двете артерии на нозете, па сега тој може нормално да се движи.

И двете артерии беа скроз запушени, немаше никаква циркулација. Едната имаше 100% запушеност, а другата 99 %-изјави Радојче Гаврилов, пациент од Свети Николе.

Гаврилов 12 години континуирано имал ладни нозе, чувствувал болка и при движење и во мирување. Веднаш после првата лекарска интервенција, при која пациентот е целосно свесен и контактибилен, почувствувал промена.

Првиот ден осетив затоплување на прстите на нозете-додаде Гаврилов

На редовната контрола 30 дена после интервенцијата биле видливи и првите резултати.

Веќе гангрената беше целосно исчистена. Прстите си ја добија природната боја на стапалото-изјави ДР. САШЕ НИКОЛОВ-КАРДИОЛОГ, КЛИНИЧКА БОЛНИЦА –ШТИП

На ангиографското одделение досега се извршени стотина стентирања на екстремите и бубрежни артерии.

Од мај месец 2018- та до мај месец 2019-та година, значи цела оедна година од првото отварање на салата работиме секој ден- изјави д-р Николов

Последните години е солидно стручно екипирано, обезбеден е и помошен медицински персонал и средства за работа, а пациентите од Истокот повеќе не се препраќаат во Скопје.