„Лекари без граници“: Граничари на ЕУ вршат насилство врз децата
Организацијата „Лекари без граници“ ги обвини денеска граничните власти на Европската унија дека вршаат насилство врз деца на граничните премини на Србија кон Бугарија, Хрватска и Унгарија.
- Децата и младите лица кои ја користат балканската рута се изложени на систематско насилство, се наведува во извештајот на Организацијата.
Извештајот се базира на медицински податоци и изјави на млади лица.
Во првата половина од оваа година, „Лекари без граници“ забележале дека 92 отсто од младите мигранти биле злоставувани.
Половина од децата навеле дека биле малтретирани од страна на бугарските гранични власти.
Тим на организацијата, што од почетокот на годинава во Белград се грижи за бегалците, во првите шест месеци забележал 62 случаи на насилство на унгарската граница и 24 на хрватската.
Маркус Бахман, од виенската канцеларија на „Лекари без граници“, предупреди дека земјите од ЕУ не смеат да применуваат насилство со цел да ги одвратат младите лица од барање на азил во Унијата.
- Таквите мерки се контрапродуктивни и само ги туркаат младите во рацете на криумчарите, против кои наводно се борат земјите членки на ЕУ, наведе Бахман.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација