Лекари без граници алармира за насилство над бегалците во Грција
Секој четврти бегалец е подложен на насилство откако ќе пристигне на островите во Грција, констатира меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници, која испрати писмо до премиерот Алексис Ципрас.
Во својот извештај, организацијата алармира за „вонредна состојба“ на островите, претежно на Самос и на Лезбос, предизвикана од влошеното психичко здравје на бегалците.
Лекари без граници соопштуваат дека 110 болни од Лезбос се префрлени во нивната клиника од почетокот на јули до 21 август оваа година. Според нив, бројот е зголемен за 50 отсто во споредба со периодот април-јуни 2017 година.
Според организацијата, од јули, неделно во клиниката доаѓаат по шест-седум лица, кои имаат потреба од итна помош поради обиди за самоубиство, самоповредување и други психички проблеми.
Регистрирани се и голем број случаи на сексуално насилство.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара