Ракомет
4. April 2016 - 19:32

Лејно меѓу трите „ѕвезди“ на колото и со најдобра одбрана

Блескавата игра на ракометарките на Вардар не остана незабележена, па така по 19-те одбрани сосема разбирлово голманката на македонскиот шампион Амадин Лејно се најде во изборот на трите „ѕвезди“ на колото заедно со голманката на Букурешт Јелена Грубишиќ и со Корнелија Грот од Ѓер, а воедно Лејно ја има и најдобрата одбрана на четвртфиналните дуели.