Loading Video...
Кошарка
18. January 2019 - 14:28

Лејкерси по продолжение ја победија Оклахима

Три неизвесни дуели беа одиграни ноќеска во НБА лигата. 

Во Оклахома, екипата на Лос Анџелес Лејкерс по продолжение забележа победа со 138:128.

Кајл Кузма со 32 поени и Хрватот, Ивица Зубац со  дабл-дабл со 26 поени и 12 скока ги предводеа „Езерџиите“ до овој триумф, додека кај Оклахома најефикасен со 27 поени беше Пол Џорџ, а Расел Вестбрук покрај 26 поени имаше и 13 асистенции.

Со кош на Томас Брајант на 4 стотинки до крајот, Вашингтон минимално со 101:100 го победи  Њујорк. Тесна победа оствари и Торонто против Феникс со 111:109.

Убедливи настапи пред својата публика имаа Денвер кој со 135:105 славеше над  Чикаго, Филаделфија која ја победи Индијана со 120:96 и Шарлот кој беше подобар од  Сакраменто со 114:95.