Loading Video...
Кошарка
1. February 2019 - 15:16

Лејкерси по продолжени ги добија градските ривали Клиперси

 
Синоќешната понуда во НБА лигата содржеше шест натпревари, а најинтересниот го одиграа градските ривали во Лос Анџелес, во кој „Лејкерси“ по продолжение ги совладаа „Клиперси“ со 123:120. 
 
Најзаслужен за оваа победа на „Езерџиите“ беше Леброн Џејлс кој на терените се врати по пауза од 17 натпревари (поради повреда на препоните). 
 
Една асистенција му недостасуваше на Леброн средбата да ја заврши со  „трипл-дабл“, а покрај деветте додавања имаше и 24 поени и 14 
 
Во дербито на истокот, лидерот Милвоки го победи нагости второ пласираниот Торонто со 105:92, а трето рангираната Филаделфија исто така на гостински терен беше подобра од шампионот Голден Стејт со 113:104.
 
На останатите дуели беа постигнати овие резултати: Сан Антонио – Бруклин 117:114, Детриот – Далас 93:89 и Орландо – Индијана 107:100.