Лејкерси остануваат без броевите на Коби
Лос Анџелес Лејкерс на посебна церемонија, која ќе се одржи на 18 декември во „Стејплс центар“, ќе го повлече дресот на Коби Брајант.
Церемонијата ќе биде навистина посебна бидејќи Лејкерси ќе ги повлечат двата броја кои Коби ги носеше во текот на својата кариера, 8 и 24.
Брајант дресот со број 8 го носеше од своето деби во 1996 до сезоната 2005/2006, кога започна да го носи бројот 24, со кој и ја заврши кариерата.
Коби Брајант кариерата ја заврши во сезоната 2015/2016 во дресот на ЛА Лејкерс, тим во кој ја мина целата кариера. Легендата на „езерџиите“ со тимот освои пет шампионски титули, двапати беше прогласуван за МВП на финалната серија, а еднаш беше и МВП на регуларниот дел од сезоната.
Брајант кариерата ја заврши со просечни 25 поени по натпревар, а на листата на најдобри стрелци се наоѓа на третото место. Пред него се само Карл Мелоун и Карим Абдул-Џабар.
Ново на Сител
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија