Кошарка
28. February 2020 - 11:35

Лејкерси ја спасија честа на гостинските тимови

Тимот на ЛА Лејкер ја оствари единствената победа за гостинските екипи на четирите средби одиграни ноќеска во НБА лигата. 
 
„Езерџиите“ без својот најдобар играч Леброн Џејмс славеа триумф  кај Голден Стејт со 116-86.
 
Иако во првото полувреме „Воините“ постојано беа во предност, а на пауза заминаа со минимални два разлика сепак во третата четвртина, Лејкерси ја направија клучната предност добивајќи го периодот со 40-17. 
 
Во отсуство на Леброн шестмина  играчи на Лејкерс имаа двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу 23 Ентони Дејвис, додека Кајл Кузма средбата ја заврши со 18. 
 
На натпреварите каде славеа домаќините, Филаделфија го победи Њујорк со 115-106, Индијана беше подобра од Портланд со 106-100, а 
Оклахома го доби Сакраменто со 112-108.