Loading Video...
Кошарка
25. October 2021 - 12:37

Лејкерси ја остварија првата победа во новата сезона

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја остварија првата победа во новата сезона и тоа пред својата публика во „ДСтеплс центар“ совлајдувајќи го тимот на Мемфис со 121-118. 
 
Триото, Антони, Дејвис и Џејмс заедно постигнаа повеќе од половина поени за Лејкерси. 
 
Новото засилување Кармело Ентони беше најефикасен со 28, Дејвс постигна 22, а Леброн придодаде 19 поени. 
 
Џа Морант кој оствари дабл-дабл со 40 поени и 10 скокови за гостите имаше шанса на 2,5 секунди до крајот да се избори за израмнување и продолжување, но од трите го промаши последното слободно фрлање, ма „Гризлис“ на крајот не успеаја да го избегнат првиот пораз.