Loading Video...
Кошарка
27. March 2018 - 14:30

Лејкерси и Њујорк останаа без плејоф

Екипите на ЛА Лејкерс и Њујорк нема да играат во плејофот на НБА лигата. 

Ова е исходот по синоќа одиграните средби во кои „Езерџиите“ загубија на гостувањето  кај Детроит со 112:106 и со тоа ги загубија и теоретските шанси за пласман во плејофот.

Тоа ќе биде пета сезона во низа како тикот на Лејкерси нема да настапи во разигрувањето, во кое ќе го нема ниту составот на Њујорк кој ноќеска беше поразен од Шарлот со 137-128 по продолженија откако регуларниот дел заврши нерешено 117-117

И Денвер кој се бори за плејофот загуби на гости кај Филаделфија со 104-123, додека на двете преостанати средби одиграни ноќеска на кои победи забележаа гостите Мемфис ја совлада Минесота со 101-93, а Бостон се радуваше на триумф против Феникс со 102-94

Досега сигурен пласман во плејофот имаат обезбедено седум од вкупно шеснаесет екипи кои ќе разигруваат за титулата. 

Од Источната конференција (Торонто, Бостон, Кливленд, Филаделфија, Индијана), од Западната конференција (Хјустон и Голден Стејт).