Loading Video...
Кошарка
1. October 2020 - 16:03

Лејкерси го добија првиот финален меч против Мајами

 
 
Тимот на ЛС Лејкерс поведе со 1:0 во победи против Мајами во големото финале на НБА плејофот. 
 
„Езерџиите“ славеа триумф со 116-98 во првиот меч. 
 
Тандемот Ентони Дејвис и Леброн Џејмс беа најзаслужни за оваа победа на Лејкерси. Најефикасниот играч на мечот, Дејвис покрај 39 поени имаше и девет скокови, а на Леброн му недостасуваше само една асистенција да оствари трипл-дабл, па покрај деветте успешни додавања имаше и 23 поени и 13 скокови 
 
Кај поразените најефикасен беше  Џими Батлер кој постигна 23 поени. 
 
Инаку поради повреди мечот кај Хитси не го завршија Драгиќ и Адебајо, но засега нема информација дали двајцата ќе го пропуштат или пак ќе играат на следниот натпревар закажан за во сабота наутро од 3 часот.