Loading Video...
Кошарка
7. March 2020 - 16:46

Лејкерси го добија дербито против Милвоки

Синоќешната понуда од НБА кошаркарската лига мина комплетно во знакот на дерби дуелот на двете најдобри екипи во текот на сезонава ЛА Лејкерс и Милвоки. 
 
Средбата одиграна во „Степлс центарот“ во ЛА, ја добија домаќините „Лејкерси“ со 113-103 откако клучната предност ја направија во третата четвртина, кога за прв пат поведоа и со највисоко 13 поени разлика. 
 
Ударниот тандем на “езерџиите“ Џемс-Дејвис искомбинираа 67 поени и 17 скокови. Од нив Леброн постигна 37 поени, а покрај 8-те скокови имаше и 8 асистенции. Антони Дејвис на 30-те поени придодаде девет скокови. 
 
Кај гостите очекувано најдобар поединец беше Јанис Антетокумпо со дабл-дабл учинок од 32 поени и 11 скокови. 
 
И покрај поразот, Милвоки останува најдобриот тим во лигата со скор 50-10 (победи-порази), односно две победи повеќе од Лејкерси кои пак имаа одиграно два меча помалку од „Бакси“