Loading Video...
Фудбал
31. August 2018 - 17:39

ЛЕ:Хансен одбрани два пенали и ја елиминира Шкендија

Македонскиот првак Шкендија не ги искористи своите шанси во реванш средбата против норвешкиот Розенборг и на крајот со пораз од 2-0 се прости од фудбалска Европа. 

 
Шкендија одлично го отвори мечот, имаше неколку убави шанси за водство а екстра прилика беше пеналот во 19. минута но ударот на Ибраими одличниот гостински голман Хансен успеа да го одбрани. 
Шкеднија напаѓаше и во продолжението  а можноста за екстра притисок врз противникот кој допатува во Скопје со предност од 3-1 беше досудениот втор пенал кој го изведе Емини но и неговиот удар Хансен го одбрани. 
Во продолжението од средба  стигна и казната преку Холанд и Региниусен за втора победа за Розенборг против тетовчани.