Свет
20. November 2015 - 9:19

Легнала врз својот син додека терористите немилосрдно пукале - Тажна приказна за нападот

Французинката Елса Делплас, 35-годишната мајка од Париз, легна над своето петгодишно синче за да го заштити од терористите, додека траеја нападите кои го потресоа светот. Пожртвуваната мајка стана тема за восхит во медиумите низ светот, откако легна врз своето синче додека терористите немилосрдно пукаа, и ја погодија и неа. 

- Момчето го најдовме избезумено во болница. Беше цело со крв. Ќе се грижиме за него и ќе се обидеме да направиме се што можеме за да ги намалиме негативностите од траумата која ја доживеа, вели пријателка на мајката која го загуби животот.

Во нападот била убиена и мајката на Елса, чие тело било пронајдено до нејзиното. 

- Ќе се грижиме за момчето да ја преброди трагедијата која ја доживеа и да нема пследици, вели пријателката на мајката која го жртвуваше животот за синчето. Таа додава дека Елса била прекрасна мајка, а синчето и било единствен светол зрак во животот.