Балкан
16. January 2016 - 12:42

Легија ги изненади сите: Својата затворска келија ја претвори во уметничко дело

Милорад Улемек познат како Легија цртал по ѕидовите во затворот во Пожаревац, најдобриот затвор во Србија, пренесува српски Курир.

Тој е осуден на казна од 40 години поради убиство на  српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Некогашниот командант на единицата за специјалци на Србија кажува дека имал насликано околу десетина слики по ѕидовите во својата затворска ќелија. Биле мали слики, но секоја од нив прикажувала дел од неговиот живот.

Легија пред неколку месеци побарал во затворот да му обезбедат прибор, па сега неговата келија изгледа како галерија.

Исто така, верувале или не, Легија во затворот до сега има напишано 16 книги, а моментално ја пишува и 17 -тата која се вика „Железо“.