Фудбал
29. August 2016 - 16:03

Легендата на данскиот фудбал Елструп со скандалозен потег

Поранешниот европски првак, со фудбалската репрезентација на Данска (1992 година), Ларс Елструп (53), изминатиот викенд, за време на натпреварот помеѓу Рандерс и Силкеборг, предизвика незапаметен скандал во данскиот фудбал.
 
Ларс Елструп, во 1992 година стана сензационален европски првак со Данска, една година подоцна реши да ја прекине кариерата и да и се приклучи на една спиритуална секта.
 
Во 1993 година го зема името „Дарандо“ (река која тече), а од сектата е исфрлен шест години подоцна кога било утврдено дека удрил едно дете на школско игралиште.
 
Елструп во 2000 година добива понуда да ја оживее својата кариера во Оденсе, но не се договорил со клубот откако било одбиено неговото барање овој дански клуб да му исплати одреден финансиски надомест за пробните натпревари кои ќе ги одигра.
 
Откако не успеал во Оденсе Елструп бил склон кон инциденти, еднаш бил приведен откако полицијата го фатила како гол шета по улица, но она што го направил во неделата ги надминува сите бизарни инциденти кои ги направил.
 
Имено, за време на натпреварот помеѓу Рандерс и Силкеборг, гол излегол на теренот. Причините поради кои тој се решил на ваков потег, кој ги шокирал сите на стадионот и целтата данска јавност не се познати.