Легендарниот Принс ќе добие свој музеј
Принс ќе добие свој, заслужен, музеј, а тоа ќе биде местото каде што живееше, создаваше и работеше, неговиот имот Пејсли Парк.
- Ќе го претвориме Пејсли Парк во музеј во чест на сеќавање на Принс. Тоа ќе биде за обожавателите кои најмногу ги сакаше. Со тоа ќе се помогне да се запомни неговата музика, а тоа е неговото наследство, рече сопругот на неговата сестра, Морис Вилијамс. Тој додаде дека пејачот сакал приватност, но би сакал неговата музика да остане во сеќавање.
Обожавателите ќе имаат што да видат во музејот, пишува Е.Онлајн. Неговата соработничка и поранешна љубовница Шила Е. наведува да се собира се што е потребно и дека ќе има многу сувернири и предмети од турнеите, неговите тапани и моторот, но и цел ходник со награди кои ги освојувал и за кој многу не се грижел, но фановите ќе сакаат да ги видат.
Принс не оставил тестамент, така што единствена наследничка на имотот е неговата сестра Тика Нелсон.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори