Тенис
11. September 2017 - 10:56

Легендарната Хингис го освои и 25. трофеј

 

Легендарната швајцарска тенисерка Мартина Хингис и нејзината партнерка во дубл Јунг џан Чан од Тајван ја освоија титулата во женски дубл на ОП на САД во Њујорк. 

Во финалето оваа двојка славеше против Луција Храдецка и Катарина Синијакова во два сета со 6-3,6-2. Хингис така го освои вториот трофеј на овогодишниот Ју Ес опен откако вчера триумфираше и во мешани двојки со Британецот Џејми Мареј. 

Ова е 25-та грен слем титула за Хингис. Има 5 титули во сингл, 13 во женски дубл и 7 во мешани двојки. По овој турнир ќе биде втора во светскиот тенис во довјки.