Loading Video...
Фудбал
11. January 2018 - 14:10

Леганес го елиминира Виљареал од Копа дел Реј

 
 
Екипите на Реал Мадрид, Алавез и  Леганес им се приклучија на Атлетико Мадрид и Валенсија во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија. 
 
По одиграните реванш дуелите од осминафиналето, најголемото изненадување го направи Леганес кој иако загуби на гостувањето кај Виљареал со 2-1 сепак благодарение на победата на првиот меч со 1-0 обезбеди место меѓу осумте најдобри. 
 
Вечерва ќе бидат познати последните три патници во четвртфиналето, откако своите реванш осминафинани дуели ќе ги одиграат:: Севиља – Кадиз (2-0), Леванте – Еспањол (2-1) и Барселона – Селта Виго (1-1). 
 
Трофејот го брани Барселона,која во ланското финале со 3-1 го победи Алавез.