Бизнис
13. January 2018 - 19:27

Легализацијата на бесправно изградените објекти во општина Струмица се одвива бавно

Многу барања, но малку легализирани објекти. Легализацијата на бесправо изградените објекти во општина Струмица се одвива бавно. Од 2011 година од кога и започна примената на законот биле поднесени 12. 500 барања и елаборати за околу 50% од нив.

Од околу 5600 елаборати колку што доставиле граѓаните решнија биле издадени само за 2500 објекти. Од секторот за урбанизам во општина Струмица велат дека причините за ваквото бавно темпо се различни, од имотно правни проблеми, спор со соседите, но и опаднатата финансиска моќ на граѓаните.

-Геодетските фирми велат дека имаат доста голема бројка изработено елаборати, меѓутоа до ден денешен луѓето не одат да си ги подигнат за што најверојатно причина е финансискиот дел, вели Стојан Динев – раководител на сектор за урбанизам во општина Струмица.

Бавното решавање на предметите со бесправо изградените објекти според раководителот на секторот за урбанизам во општина Струмица ќе се одрази и на нивната работа, посебно во делот на планирањето.

-Ако градот треба да планира да донесува детални планови или да ги вклопи, законска обврка на општината е да ги вклопи во идни плански документации нема да можеме да отпочнеме постапка бидејќи баш тој дел од нелегалните објекти што не ги докомплетираат луѓето барањата се основата причина за идно планирање, вели Динев.

Инаку од почетокот на годината со најновото продолжување на рокот биле поднесени само 31 ново брање за легализација. Од секторот за урбанизам на општина Струмица апелираат до граѓаните кои имале нецелосна документација да го испочитуваат рокот и до 1 јуни да ги комплетираат нивните документи,  додека новите брања може да ги поднесуваат до крајот на годината.