Легализација на дивоградби на индивидуални куќи покрај природните езера
Ќе се легализираат бесправно изградените објекти во заштитен крајбрежен појас на природните езера од 50 метри. Иницијативата е на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Лилјана Затуроска, Нола Исмајлоска Старова и Драган Данев, кои поднесоа до Собранието на Република Македонија Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Целта на предложените измени, како што појаснуваат, е да се овозможи спроведување на постапките за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени во заштитен крајбрежен појас на природни езера од 50 метри како и ретроактивна примена на одредбите за овие бесправни објекти и за бесправните објекти кои се наоѓаат на земјиште на кое е предвидена изградба на сообраќајна инфраструктура.
- Со донесување на овој закон се решаваат крупни проблеми на граѓаните на Република Македонија. Граѓаните ќе може да ги легализираат своите куќи изградени крај природните езера во Република Македонија и објектите изградени на сообраќајниците ширум државата, стои во соопштението.
Заради еднаква и правична примена на законот, неговата ретроактивна примена ќе овозможи на сите баратели на кои им е одбиено барањето за утврдување правен статус на бесправен објект-индивудуална куќа изграден во заштитен крајбрежен појас на природни езера, да им се поништи решението за одбивање на барањето за утврдување на правен статус и да им се продолжи постапката за утврдување на правен статус на предметниот објект.
Ретрокативно дејство се предвидува да важи и за објектите изградени на сообраќајница за кои е донесено решение за одбивање на барањето за утврдување на правен статус.
Предлог законот за легализација покрај природните езера се однесува само на објектите за индивидуално домување и заради спречување на неговата урбана злоупотреба истиот не се однесува на друг вид дивоизградени објекти.
Според предлагачите на овој начин се решава проблемот со легализација на куќите во кои со генерации живеат жителите на населените места Трпејца, Пештани, стариот дел на Охрид, Канео, Андон Дуков, Струга, Калишта и Радожда на Охридското Езеро, како и населените места покрај Преспанското и Дојранското Езеро.
Ново на Сител
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик