Лефков: Нов договор кој ќе го отелотвори заедничкиот патриотизам, Македонија ќе успее
На Македонија и треба нов договор, кој ќе го отелотвори заедничкиот патриотизам. Новиот договор ќе значи враќање на надежта, напредок и принципи. Новиот општествен договор кој ќе го донесе заедничкиот патриотизам преку мобилизација на секој еден поединец надвор од партијата во насока на развој и нова иднина на земјата.
Новиот договор подразбира заеднички патриотизам, но и поединците да не седат на страна бидејќи долго време тој простор е заземен од лукративната власт за лични интереси на нејзините носители. Тие во име на тивкото мнозинство одлучуваат за сите други.
Заедничкиот патриотизам не е само празна флоскула туку филозофија врз кој почива оваа втора епоха.
Заедничкиот патриотизам значи и отворање на вратите на ВМРО-ДПМНЕ за сите заедници, кои веруваат рушење на границите, стереотипите и ново стратешко позиционирање кон сите останати заедници кои се дел од македонската нација.
Заеднички патриотизам е да се градат училишта во исто време и во Битола и во Тетово, да се градат болници или градинки подеднакво и во Аеродром и во Чаир.
ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден го одржа 17-тиот Конгрес, партијата влегува во втора епоха. Во наредниот период ќе направиме општествена мобилизација на секоја една интелектуална сила во земјава и надвор од неа, на луѓето кои од тука излегле низ светот и направиле кариери, ќе допреме до секоја слободомислечка индивидуа, нашата цел е преродба на државата, мораме да ја извадиме државата од калта во која Зоран Заев и СДСМ ја потонаа.
Централниот дел на нашите политики во втората епоха ќе бидат слободата на индивидуата и слободната волја на изразување.
Ова е повик до секој еден поединец за зграпчување на својот порив за напредок и општо добро, низ политички активизам да си помогне себе, и на државата. Да изградиме општество каде нема за обична услуга во Матично, Катастар или било која друга институција да се чека со денови, или да мора да се плати мито. Да изградиме општество кое ќе биде во функција на секоја една индивидуа.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го предводи процесот на општествено обединување.
Нашата цел низ ова е:
Низ една временска дистанца да постигнеме стандард како во една Австрија, да дојдеме до ниво на едноцифрена невработеност, намалување на данокот на добивка и персоналниот данок на доход на 8%, данок за младите да биде 0%, а економијата по стабилизирање да има раст до 6%, да имаме еден Универзитет во првите 500 на Шангајската листа, да влеземе во првите 50 држави што се борат против корупција на Транспаренси, да станеме дел од ЕУ.
Македонија може да се промени! Македонија ќе успее!
Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Скок на цената на пченицата на светските пазари
-
Рјабков: Влезот на Шведска и на Финска во НАТО уште една грешка со далекусежни последици
-
Левица: Ако пресудите на европскиот суд не се спроведуваат, пресудата на македонскиот суд мора да биде извршена
-
Пендаровски по повод 16 Мај: Да создаваме современи општества, без дискриминација
-
Прв пат извршена операција за спречување енормно потење со минимална интервенција
-
Парламентарна делегација предводена од Џафери во студиска посета на германскиот Бундестаг
-
Бесими: Со реструктуирање на буџетот ќе се направи простор евентуално за нови антикризни мерки
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ако падне Талат Џафери паѓа Владата