Loading Video...
Кошарка
16. December 2019 - 16:01

Леброн и Дејвис им донесоа нов триумф на Лејкерси

 
 
Тимот на ЛА Лејкрс ја остварија 7-та победа во низа, откако на гостински терен ја совладаа Атланта со 101-96. 
 
Тандемот Леброн Џејмс и Ентони Дејвис уште еднаш се покажа како добитна комбинација за популарните „езерџии“. И двајцата дуелот го завршија со дабл-дабл учинок со идентични 13 скокови, со тоа што Џејмс постигна 32, а Дејвис 27 поени .
 
Лејкерси кои се лидери на Западната конференција имаат скор со 24 победи и 3 порази, идентично како и Милвоки ќој е прв на Истокот. 
 
Отсуство на Џоел Ембид во тимот Филаделфија го искористија кошаркарите на 
Бруклин да се радуваат на победа и тоа изразена со 20 разлика (109-89). 
 
Триумф пред својата публика оствари и Денвер кој со 111-105 го победи Њујорк, додека екс-шампионот Голде Стејт ја продолжи серијата на порази, па по синоќешниот од Сакраменто со 100-79 „Воините“ кои се најслабиот тим во лигата сега имаат скор од само 5 победи и дури 23 порази.