-->
-->
Леброн Џејмс потврди останува во Кливленд
-->
На радост на навивачите на новиот НБА шампион, Кливленд „Кавалирс“, првата ѕвезда на тимот Леброн Џејмс потврди дека и следната сезона останува во редовите на „Кавс’’.
„Овде се чувствувам одлично и немам причина да си одам од клубот. Ова се најсреќните моменти од мојот живот“ – истакна Џејмс по вчерашната прослава на титулата низ улиците на Кливленд каде новите шампиони беа пречекани од повеќе од 1,5 милион граѓани на овој град.
Со тоа, Џејмс ги отфрли шпекулациите дека ќе ги напушти „Кавси’’ иако неговиот договор со клубот истече со завршувањето на сезоната, со што Леброн стана слободен играч.
За услугите на МВП-то на финалето, веќе се заинтересираа Њујорк и ЛА Клиперс, но суперѕвездата на истакна дека ќе остане во тимот, а потпишувањето на нов договор е многу блиску.
„Останати се само некои технички работи, а тој дел од работата ќе го направи мојот агент’’, дополни Џејмс кој во Кливленд се врати 2014 година, после четири поминати сезони во Мајами, а по минатогодишниот пораз во финалето, сезонава Кливленд му се реваншира на Голден Стејт по што оваа екипа за прв пат во историјата стигна до шампионскиот трофеј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните
-
Студентите не можат да ги искористат можностите во целост бидејќи Македонија не ги следи европските трендови
-
Македонија со најмал број студенти по новинарство во регионот, преку проекти се нуди решение за проблемот
-
Србија на нозе, втор ден се трага по 2 годишната Данка
-
Преглед на вестите од светот