Кошарка
31. January 2020 - 8:21

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис со тетоважи во чест на Коби

Напаѓачите на Л.А. Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, направија нови тетоважи.

Во спомен на Коби Брајант, кој загина во несреќа во неделата, тие истетовираа змија.

Змијата е симбол на Коби, кој беше нарекуван „Црна Мамба“.

Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана се судрија во рид над Калабасас при лоши временски услови.