Македонија
13. May 2016 - 8:36

„Лебедово езеро“ на 44.Мајски оперски вечери

Во рамки на 44. Мајски оперски вечери вечер ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“.

Претставата е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека главните улоги ќе ги толкуваатШиори Касе од Јапонија како Одета/одилија, улогата на Принцот Зигфрид ќе ја толкува Јона Акоста  од Куба, двајцата членови на Лондонскиот Кралски балет. Улогата на Ротбарт, му е доверена на гостинот од Бугарија, Дојчин Дочев.

Со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска.