Loading Video...
Фудбал
12. July 2018 - 18:55

ЛЕ: Вардар поразен во првиот дуел со Пјуник

Фудбалерите на Вардар одиграа неубедливо на гостувањето во Ерменија каде се поразени со 1-0 од домашниот Пјуник во првиот квалификациски дуел за Лига Европа.  Реваншот е за 7 дена на Филип Втори. 

Вардар одигра успешни подготовки но не успеа да ја пронајде својата форма во Ереван каде во меч со малку шанси дозволи домаќинот да слави минимално со 1-0. 

Ерменците добро го започнаа мечот и се обидуваа уште рано да го отворат резултатот. Тоа им успеа кон средината на првиот дел кога Војнов шутираше, а топката од ногата на Конате заврши зад грбот на Гацевски. 

Во вториот дел тренерот на црвено-црните  Бобан Бабунски се обиде со неколку замени да го забрза ритамот на игра на Вардар но Максимов и Али не успеаја да влезат во ритам. 

Единствена светла точка беше Баргесјан кој упати два удари, а последната шанса ја имаше Попов кога  биеше преку голот. 

Да потсетиме во 20.30 цасот Шкупи  му гостува на славниот Глазгов Ренџерс додека вчера Работнички кој исто така игра квалификации за Лига Европа го совлада Хонвед со 2-1.