Фудбал
17. February 2016 - 15:33

ЛЕ: Тарасов предизвика инцидент во Истанбул

Турската полиција уапсила три лица, навивачи на фудбалскиот клуб Фенербахче, поради нападот врз клупскиот автобус на Локомотив Москва, кој се случи во вторникот во Истанбул.
 
Нападот е резулатат на гестот, кој по натпреварот го направи фудбалерот на Локомотив, Дмитриј Тарасов. Рускиот фудбалер по завршувањето на натпреварот го соблекол дресот и истакнал маица со ликот на рускиот претседател Владимир Путин.
 
„Носев маица со ликот на мојот претседател, кого многу го респектирам и почитувам. Сакав да покажам дека секогаш ќе бидам со него. Натписот (на љубезниот претседател) на маицата е сé што сакав да покажам“, изјавил Тарасов за руската агенција Р-Спорт.
 
Истанбулската полиција соопшти дека во нападот на автобусот на Локомотив нема повредени, а дека напаѓачите биле во алкохолизирана сосотојба.
 
Што се однесува до Тарасов, УЕФА највеојатно ќе го казни и него и клубот, бидејќи мечот го искористиле за политичка пропаганда. Поради инцидентот по мечот се очекува УЕФА да го казни и Фенербахче.
 
Односите меѓу Турција и Русија се затегнати од ноември минатата година, кога над сириско-турската граница турските ловци соборија руски бомбардер.
 
Фенербахче и Локомотив, во вторникот, го одиграа првиот меч во рамките на шеснаесетфиналето во Лига Европа, турскиот тим победи со 2:0, а реваншот во Москва ќе се одигра наредната недела.