Loading Video...
Фудбал
10. August 2018 - 19:05

ЛЕ: Розенборг и се „мести“ на Шкендија?!

Како што стојат работите според постигнатите резултати во првите средби од квалификациските кола, нашиот шампион Шкендија доколку не успее да го мине Салцбург за што потребен голем подвиг ќе игра против норвешкиот Розенборг за Лига Европа.             Норвежаните беа фаворит и го потврдија тоа на гостувањето кај Корк Сити каде славеа со 2-0 што е тешко достижна предност за противникот на теренот на Розенборг.

            На ирскиот првак му пресуди шведскиот интернационалец Џонатан Леви кој ги постигна двата гола уште во првото полувреме. Нашиот првак Шкендија загуби пак во Салцбург  во рамките на 3. Квалификациско коло за Лигата на шампионите со 3-0 и пред речиси невозможна мисија во реваншот во Скопје.

            Доколку пак направат подвиг тетовчани ќе играат за групната фаза со победникот од двомечот Спартак Трнава- Црвена Звезда.

            Најголемо внимание во фудбалска Европа привлече  инцидентот во Грац каде Штурм загуби со 2-0 од Кипарски АЕК за кој успешно настапи Иван Тричковски кој го постигна вториот погодок.

            Мета на домашните фанови кои беа незадоволни од постигнатиот резултат беше линискиот судија кој беше погоден со предмет во главата па натпреварот беше во 10-минутен прекин. До крајот гостите од  Ларнака ја задржаа високата предност пред реваншот.

            На Тричковски ова му е трет гол оваа сезона во Европа.