ЛЕ: Реал Сосиедад домаќин на Манчестер Jунајтед во Торино
Првиот натпревар од шеснаесетфиналето во Лига Европа (ЛЕ) меѓу Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед е преместен од Сан Себастијан во Торино, како резултат на патните рестрикции што се на сила во Шпанија поради спречување на ширење на коронавирусот, соопшти вечерва Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).
Натпреварот ќе се игра на стадионот на Јувентус на 18 февруари, во закажаниот термин од 18:55 часот.
Дуелот е преместен поради забраната на шпанските власти за влез во земјата од Велика Британија, освен за лица, кои се државјани на Шпанија и Андора.
Забраната е продолжена до 2 март со што е загрозено и одигрувањето на шпанскa почва на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони меѓу Атлетико Мадрид и Челзи, што треба да се игра на стадионот „Ванда Метрополитано“ на 23 февруари.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот